Ноемвриски попуст на гифт боксови!

edna moze

Преостануваат уште само пет дена од ноемвриска понуда со специјален попуст за нарачка на новогодишни и празнични гифт боксови од Една прави!. Во името на единствената компанија за производство и продажба на високо квалитетна козметика од сертифицирани органски и јадливи суровини, „Една прави” која е „ќерка” компанија на Граѓанската Организација „Една може!” – Скопје, единствена во работата за унапредување на правата на еднородителските семејства, со задоволство ја споделувам нивнатаа овогодинешна понуда на козметички гифт боксови за деловни соработници и вработени. Со купување на козметичките гифт боксови на „Една прави” директно ја поддржувате мисијата на Една може!-подобар свет за самохраните мајки и нивните дечиња и ја стабилизирате одржливоста на единствената активна организација „Една може!“. Воедно активно допринесувате за зголемување на вработливоста на самохраните мајки во нивната компанија, и со тоа учествувате во креирањето на неприкосновено квалитетните органски, јадливи козметички производи од македонско потекло.

Еден козметички гифт бокс (универзален, машки, женски, детски clear box…) чини од 360 до 3500 денари, со можност заеднички да го креираме според вашите потреби. Само за празниците нудат можност за бесплатни боксови, односно украсувањето Ви е од нас. Има можност и за персонализирани честитки.

Be the first to comment on "Ноемвриски попуст на гифт боксови!"

Leave a comment

Your email address will not be published.

*