„Вработеност на младите жени како предуслов за намалување на родово базирано насилство“

4

Денес во рамки на иницијативата Мрежа на жени на Балканот за нови политики, која се имплементира од Белградски фонд за политичка совршеност, а е поддржана од и Швајцарската Амбасада во Србија, се одржа дебата на тема „Вработеност на младите жени како предуслов за намалување на родово базирано насилство“. На дебатата беше презентирана новоформираната Мрежа на жени на Балканот за нови политики. Целта на оваа иницијатива е да се започне политички процес кој ќе не води кон нова регионално координирана платформа на балканските жени за родово чувствителен, мирен и одржлив развој. Во мрежата учествуваат жени од политичкиот и општествениот живот во 8 држави во регионот.

На дебатата свои воведни излагања имаа:

  • Савка Тодоровска, Претседателка на Националниот Совет за родова еднаквост на Македонија
  • Ивана Туфекџиќ, Пратеничка во Собранието на Република Македонија
  • Валентина Дисоска, Претседателка на Здружение на бизнис жени
  • Маја Дилберова, Претседателка на Кризен Центар „Надеж“

Дебатата ја модерираше Даниела Димитриевска, Претседателка 1на Македонско Женско Лоби и една од основачките на Мрежата на жени на Балканот за нови политики. На дебатата беше истакната потребата од јакнење на економската независност на младите жени како еден од начините за борба против родово базирано насилство. Исто така, се потенцираше потребата од воведување на предмет во образованието преку кој младите од мали нозе ќе се едуцираат да го препознаваат насилството, посебно психичкото. Како еден од проблемите беше истакнато и немање на доволен број на жени претставнички во бипартитните или трипартитните тела за дијалог, и на тој начин нема доволно залагање за решавање на проблемите на вработените жени, како на пример кршењето на работничките права на текстилните работнички. Според Валентина Дисоска од Здружението на бизнис жени има голем број на жени претприемачки кои се подготвени да бидат менторки и да помогнат на младите жени, посебно преку овозможување на стекнување на економска стабилност.

Be the first to comment on "„Вработеност на младите жени како предуслов за намалување на родово базирано насилство“"

Leave a comment

Your email address will not be published.

*