Уредничка на БиБиСи Вести си даде оставка во знак на протест поради неправедната плата

grejsi

Според New York Times уредничка на БиБиСи Вести (BBC News) во отворено писмо во неделата ја обвинила мрежата дека им плаќа повеќе на мажите отколку на жените на слични позиции, користејќи „таинствен и нелегален“ систем на плати.

Уредничката, Кери Грејси, која работи во мрежата веќе 30 години, се откажала од својата позиција како уредничка за Кина минатата недела, во знак на протест поради нееднаквоста во платите во компанијата. Во писмото објавено на нејзината веб-страница, таа вели дека и таа и другите жени долго време се сомневале дека нивните машки колеги добивале поголеми плати и дека раководството на БиБиСи одбило да го признае проблемот.

“Едноставно сакам Би-Би-Си да се придржува кон законот и да ги вреднува подеднакво мажите и жените”, напиша Грејси, посочувајќи на Актот за еднаквост од 2010 година, во кој се наведува дека мажите и жените што работат еднаква работа мора да добијат еднаква плата.

Минатата година, БиБиСи ги објави платите на вработените кои заработуваат повеќе од 150.000 фунти или околу 204.000 долари годишно – листа во која две третини беа мажи и не вклучуваше ниедна жена меѓу седумте вработени со највисоки примања. Според овој извештај, мажите во просек заработиле околу 10 % повеќе од жените на слични позиции.

Уредничката Грејси воопшто не била на листата. Иако не ја открива висината на нејзината плата, таа вели дека од четворица уредници на меѓународни вести, двајцата мажи заработиле 50% повеќе од двете жени. Нејзиното писмо добива поддршка и меѓу колегите во БиБиСи.

Be the first to comment on "Уредничка на БиБиСи Вести си даде оставка во знак на протест поради неправедната плата"

Leave a comment

Your email address will not be published.

*