Можности за аплицирање на проекти за ЕРАЗМУС+

dimova

Националната агенција за европски образовни програми и мобилност ги објави апликациските формулари за потенцијалните апликанти на програмата Еразмус+ за децентрализираните акции, и тоа за акциите:

  • KA108 -Акредитација на конзорциуми на високообразовни институции
  • KA110 -Акредитации на младински организации
  • KA103 -Мобилност на студенти и наставен кадар на универзитети
  • KA107 -Мобилност на студенти и наставен кадар на универзитети помеѓу програмски и партнерски земји на програмата Еразмус+
  • KA105 – Мобилност на младите
  • KA205 – Стратешки партнерства во областа на младите
  • KA347 – Структурен дијалог: Состаноци помеѓу млади луѓе и носители на одлуки во областа на младите
  • KA101 – Мобилност на кадар во училишно образование
  • KA102 – Мобилност на ученици и наставен кадар во стручно образование и обука
  • KA116 – Мобилност на ученици и наставен кадар во стручно образование и обука oд институции што имаат добиено Повелба за стручно образование и обука
  • KA104 – Мобилност во областа на образованието на возрасни
  • KA135 – Стратешки мобилности во Европски Волонтерски Сервис

dimova1

Директорката на Националната Агенција за европски образовни програми и мобилност по овој повод ни изјави: „Националната агенција ќе се труди да биде што е можно потранспарентна и поотворена. За нас постои само конкструктивна критика. Следете не и кажете ни како можеме да бидеме подобри во исполнувањето на вашите барања.“

Дел од крајните рокови за аплицирање се:

  • 01 февруари 2018: Краен рок за аплицирање за мобилност на индивидуи во областа на образовни полиња;
  • 15 февруари 2018: Краен рок за аплицирање за мобилност на индивидуи во областа на младински активности
  • 31 декември 2018: Краен рок за аплицирање за акредитација на младински организации

Повеќе детали за начинот на аплицирање, како и за другите можности можете да најдете на веб страната на Националната Агенција за европски образовни програми и мобилност

Be the first to comment on "Можности за аплицирање на проекти за ЕРАЗМУС+"

Leave a comment

Your email address will not be published.

*