Можност за прва жена Премиерка на Романија

dancila3

Виорика Данцила, е предложена за кандидатка за идна премиерка на Република Романија од страна на Социјалдемократската партија на Романија (ПСД). Таа е Европарламентарка и досегашна претседателка на женската организација на ПСД. Предлогот за нејзина поддршка за премиерка бил изгласан од речиси сите членови на Извршниот комитет на партијата (имало само еден воздржан), според News.ro. Нејзината номинација е прифатена и од Претседателот на Романија, Клаус Јоханис, кој деновиве ќе ги започне консултациите со парламентарните партии.

Претходните двајца премиери на ПСД, Сорин Гриндеану и Михаи Тудосе, издржаа само по шест месеци на оваа позиција.

Данцила има 55 години и е родена во Розиори де Веде, во романската област Телеорман, истата област каде што доаѓа и водачот на ПСД, Ливиу Драгнеа. Таа е членка на ПСД од 1996 година и имала неколку јавни функции, како што се локална советничка во Видел, членка на окружниот совет во Телурман, пред да стане членка на Европскиот парламент во 2009 година.

Помеѓу 1989 и 2009 година работела како наставничка во средното училиште Видел, а потоа како инженерка во нафтената и гасната група ОМВ Петром.

Be the first to comment on "Можност за прва жена Премиерка на Романија"

Leave a comment

Your email address will not be published.

*