„Нема да сум прва жена што ќе роди дете додека работи“ – Јасинда Ардерн, Премиерка на Нов Зеланд

XXX on January 19, 2018 in Auckland, New Zealand. Jacinda Ardern and her partner Clarke Gayford are expecting their first child in June 2018. Deputy Prime Minister Winston Peters will take on Prime Ministerial duties for six weeks after the baby is born.XXX on January 19, 2018 in Auckland, New Zealand. Jacinda Ardern and her partner Clarke Gayford are expecting their first child in June 2018. Deputy Prime Minister Winston Peters will take on Prime Ministerial duties for six weeks after the baby is born.

Како што пренесува CNN, Премиерката на Нов Зеланд, Јасинда Ардерн, во петокот објави дека таа и нејзиниот партнер, Кларк Гејфорд, го очекуваат своето прво дете во јуни.

“Кларк и јас сме навистина возбудени што во јуни нашиот тим ќе се прошири од двајца на тројца, и дека ќе им се приклучиме на многу родители кои носат два капи”, рече таа во еден пост на Фејсбук.
Во изјавата за новинарите пред нејзиниот дом во петокот наутро, Ардерн објави дека ќе замине на породилно отсуство од шест недели по раѓањето на бебето.
“Јас не сум првата жена што прави повеќе работи наеднаш, јас не сум првата жена која работи и има бебе, знам дека ова се посебни околности, но има многу жени кои го прават тоа добро.
Веста дојде како изненадување, бидејќи двојката секогаш се надеваше дека ќе има дете “но ни беше кажано дека ќе ни треба помош за тоа да се случи”, рече таа. “Сакавме на семејството, но не бевме сигурни дека тоа ќе се случи за нас, што ја прави оваа вест неочекувана, но возбудлива.”
Кога беше испрашувана од новинарите, Ардерн рече дека не го потценува предизвикот за подигање на дете и управување со земјата, но дека има “голема поддршка” околу неа.
Ардерн нема да биде првата жена лидерка која ќе се породи додека е на власт. Поранешната пакистанска премиерка Беназир Буто стана првата избрана женска лидерка која роди дете во 1990 година.
Ардерн изјави дека побарала од вицепремиерот Винстон Питерс да ја преземе улогата на в.д. премиер во шесте недели по раѓањето на бебето додека таа е на родителско отсуство.
Ардерн и нејзиниот партнер рекоа дека веќе го знаат полот на бебето, но одлучија да не го откриваат тоа на јавноста. “Сега има многу малку нешта во нашите животи, што се тајна или се само за нас, па ние ќе го задржиме ова за себе”, рече таа.

Be the first to comment on "„Нема да сум прва жена што ќе роди дете додека работи“ – Јасинда Ардерн, Премиерка на Нов Зеланд"

Leave a comment

Your email address will not be published.

*