Нова програма за менторирање и развој на женско претприемништво

logo_2

Македонската мрежа на ментори со поддршка на Холанската Амбасада во Скопје, го најави новиот менторски циклус за жени претприемнички и професионалци кој ќе се спроведе во текот на 2018 година и истиот ке вклучува учесници од Македонија, Косово Албанија и Холандија.

Целта на проектот е да ги поврзе претприемничките и професионалците од регионот преку соодветно креирана менторска програма а во исто време да реализира професионално поврзување со бизниси и профеесионалци од Холандија.  Во оваа програма ќе бидат вклучени 30 учесници од регионот како и 15 ментори од Холандија.

За таа цел, Македонската мрежа на ментори во соработка со Сојузот на стопански комори на Македонија организира инфо сесии во Скопје, Тирана и Приштина каде што ке можете подетално да се информирате за самата програма

На следниот линк можете да најдете информација за инфо сесиите, повикот за аплицирање заедно со критериумите кои треба да бидат исполнети, како и апликациската форма која треба да ја поднесете најдоцна до 15ти Февруари, 2018 година. Селекцијата на учесници ке биде спроведена најдоцна до 20 ти Февруари, 2018 година.

Aпликација можете да најдете тука

Be the first to comment on "Нова програма за менторирање и развој на женско претприемништво"

Leave a comment

Your email address will not be published.

*