Хуманитарна акција во Concept37

20180206_215525

До утре (08.02.2018) во Концепт37 трае хуманитарната акција за помош на Благородна и нејзините три деца. WOWBox изработи украсни машни и цветови кои ќе можете да ги купите во Концепт37 по цена од 50, 100 и 200 денари. Парите од продажбата ќе бидат дадени на Благородна, самохрана мајка на три деца, Лука (7 год), Лара (4 год) и Гаврил (1,5 год).

Благородна во моментов не може да работи, бидејќи не може да ги запише децата во градинка поради долг кон градинката (не ја одјавиле од градинката кога заминале за Германија).

Поради тоа замолува за помош од храна, средства за хигиена и парични средства за да се плати долгот и таа да може да ги запише децата и да најде работа.

Покрај тоа што можете да донирате во Концепт37, можете и да ја исконтактирате Благородна на 077/579-671.

Be the first to comment on "Хуманитарна акција во Concept37"

Leave a comment

Your email address will not be published.

*