Секојдневни Хероини – Елизабета Тодеска

Todeska

Во рамки на серијалот „Секојдневни Хероини“ започнуваме со интервјуа на жени кои секој ден прават по некој успех, без да се фалат со тоа. Жени што се справуваат со различни предизвици стоејќи и секојдневно се борат. Жени кои имаат огромно животно искуство кое споделено со други ќе придонесе за зајакнување на позициите на жените воопшто. Денес разговараме со Елизабета Тодеска.

Еднакви.мк: Кој момент го сметате како пресвртница во својот живот, односно Ви оставил најголемо влијание во животот?

Елизабета Тодеска: Пресвртницата во мојот живот настана пред 22 години, после раѓањето на втората ќерка, кога се разболев и бев неподвижна неколку години. И покрај тврдењето на лекарите дека нема да има подобрување јас продолжив со терапии, физикална и најважно психичка и постоењето на ќерките ми беше најголем поттик. По неколку години застанав на бастун и продолжив со животот. Тешко беше, но морав и сакав.

Еднакви.мк: Што мислите дека им е најпотребно на жените во Македонија?

Елизабета Тодеска: На жените во Македонија им е потребна поддршка во вид на едукација, што повеќе ваква соработка и изнесување на свои лични искуства. Да не потпаѓаат под влијание на ниедна тешкотија. Потребни им се работилници на тема еднаквост, борба и самопочит, да се соочат со проблемот ако го имаат и да не се предаваат.

 Еднакви.мк: Кој е најважниот совет што некогаш сте го дале некому?

Елизабета Тодеска: На ќерките, да го продолжат својот живот и покрај todeska 2влошувањето на моето здравје пред три години. Живеј го секој момент во било кој сегмент на животот како да е посебен, одвој време за драгите луѓе, болната вистина прифати ја како предизвик, а не терет, не пати од предрадуси ни во машкиот ниту пак во женскиот свет.

Еднакви.мк: Што би им порачале на одлучувачите да направат за жените во Македонија?

Елизабета Тодеска: Да ги вклучат жените инвалиди, болните од канцер, самохраните мајки, како рамноправни во комисии кои треба да се оформат за зајакнување на сигурноста во себе.

Еднакви.мк: Што би им порачале на младите жени кои се сеуште несигурни во себе?

Елизабета Тодеска: Да се советуваат со жени кои преживуваат и опстојуваат во претешки услови во животот од било кој сегмент. Да се сакаат себе си и околината, да не се предаваат и во најмрачните животни моменти, бидејќи животот е борба. Никогаш да не велат: не можам, не сакам, немам сила.

Be the first to comment on "Секојдневни Хероини – Елизабета Тодеска"

Leave a comment

Your email address will not be published.

*