Секојдневни Хероини – Јасна Николовска

Nikolovska

Во рамки на серијалот „Секојдневни Хероини“ започнуваме со интервјуа на жени кои секој ден прават по некој успех, без да се фалат со тоа. Жени што се справуваат со различни предизвици стоејќи и секојдневно се борат. Жени кои имаат огромно животно искуство кое споделено со други ќе придонесе за зајакнување на позициите на жените воопшто. Денес разговараме со Јасна Николовска.

Еднакви.мк: Кој момент го сметате како пресвртница во својот живот, односно Ви оставил најголемо влијание во животот?

Јасна Николовска: Како пресвртница во животот го сметам моментот, кога цел живот си го спакував во куфер кој го носев во едната рака, а во другата децата. Во време кога бев и јас едно големо дете. Но, доволно зрела за да сфатам дека време е за нов почеток и нов живот.

Еднакви.мк: Што мислите дека им е најпотребно на жените во Македонија?

Јасна Николовска: На жените во Република Македонија сметам дека најпотребна им е материјална сигурност.

Еднакви.мк: Кој е најважниот совет што некогаш сте го дале некому и кому?

Јасна Николовска: Be a warrior, not a worrier. И најдолгиот пат, започнува со првиот чекор.

Еднакви.мк: Што би им порачале на одлучувачите да направат за жените во Македонија?

Јасна Николовска:  На одлучувачите им препорачувам да поработат на инклузија на жените во поголемите и поважни процеси. Им препорачувам, да не ги игнорираат жените и да не ја потценуваат нивната моќ.

Еднакви.мк: Што би им порачале на младите жени кои се сеуште несигурни во себе?

Јасна Николовска: На младите жени им препорачувам да веруваат во себе, да гризат и да газат за своите цели и идеали, никогаш да не потклекнуваат во борбата, колку и да е тешка и да го следат гласот на разумот, а и на срцето. Да шират љубов, затоа што само таа се размножува со делење. И таа ќе нѐ спаси.

Be the first to comment on "Секојдневни Хероини – Јасна Николовска"

Leave a comment

Your email address will not be published.

*