Секојдневни Хероини – Гина Врцкоска

vrckoska

Во рамки на серијалот „Секојдневни Хероини“ започнуваме со интервјуа на жени кои секој ден прават по некој успех, без да се фалат со тоа. Жени што се справуваат со различни предизвици стоејќи и секојдневно се борат. Жени кои имаат огромно животно искуство кое споделено со други ќе придонесе за зајакнување на позициите на жените воопшто. Денес разговараме со Гина Врцкоска.

Еднакви.мк: Кој момент го сметате како пресвртница во својот живот, односно Ви оставил најголемо влијание во животот?

Гина Врцкоска: Имало многу, но секако дека најголемата пресвртница е раѓањето на мојот син. И покрај тешката бременост, сепак успеав да го сочувам моето бебенце и да го израснам во убаво и паметно дете. Мојот бунтовен и немирен дух кој не знаеше да застане на едно место. И последната загуба на мојот сопруг. Тешко ја прифатив загубата, кога најмногу ми требаше, кога требаше да се радуваме како нашето малецко веќе ќе стане факултетлија, два месеци претходно не напушти.

Еднакви.мк: Што мислите дека им е најпотребно на жените во Македонија?

Гина Врцкоска: Секако дека еманципацијата на жената. Но, мислам дека жените се секогаш чекор напред пред мажите. Тоа е факт. Жените се борбени, силни.

Еднакви.мк: Кој е најважниот совет што некогаш сте го дале некому?

Гина Врцкоска: Биди свој. Не дозволувај други да управуваат и одлучуваат за тебе. Чекори со крената глава, но внимавај да не згазнеш некого.

Еднакви.мк: Што би им порачале на одлучувачите да направат за жените во Македонија?

Гина Врцкоска: Ќе кажам само: одлучувачите да одлучуваат заедно со жените, подеднакво во сите сфери. Па не се мажите попаметни од жените.

Еднакви.мк: Што би им порачале на младите жени кои се сеуште несигурни во себе?

Гина Врцкоска: МИслам дека нема повеќе несигурни жени. Секоја жена треба рамо до рамо со мажите да се избори за своите права. Сама на себе да си рече: ЈАС ЗНАМ, ЈАС МОЖАМ, ЈАС ЌЕ УСПЕАМ. Е тоа е силна жена. Мојот син вели: МОЈАТА МАЈКА Е МОЈОТ ХЕРОЈ, мојата мајка е најсилната жена што ја познавам.

Be the first to comment on "Секојдневни Хероини – Гина Врцкоска"

Leave a comment

Your email address will not be published.

*