Секојдневни Хероини – Добрила Коровешовска

Koroveshovska

Во рамки на серијалот „Секојдневни Хероини“ започнуваме со интервјуа на жени кои секој ден прават по некој успех, без да се фалат со тоа. Жени што се справуваат со различни предизвици стоејќи и секојдневно се борат. Жени кои имаат огромно животно искуство кое споделено со други ќе придонесе за зајакнување на позициите на жените воопшто. Денес разговараме со Добрила Коровешовска.

Еднакви.мк: Кој момент го сметате како пресвртница во својот живот, односно Ви оставил најголемо влијание во животот?

Добрила Коровешовска: Прв крупен момент во животот ми беше кога станав мајка. Тоа е всушност пресвртница во животот на секоја жена. Голема. Повеќе не течат работите како претходно, едноставно се менува се. Втора пресвртница е промената на работното место, уште кога децата беа мали, беше крупен чекор, кој бараше голема жртва, дури и дома ги сменивме улогите, децата не ги гледав и не можев да им се посветувам доволно. Но сега сум пензионер, па се посветувам со сите сили и цела душа на мојата внука Јана, а правам максимум за да им се најдам на децата секогаш кога им треба помош.

Еднакви.мк: Што мислите дека им е најпотребно на жените во Македонија?

Добрила Коровешовска: Кога жените се млади, односно уште не се реализирани како сопруги и мајки, се послободни да можат да бираат што во животот ќе прават и во кој правец ќе се насочат. Но оние кои веќе создале потомство заслужуваат многу поголема заштита, при вработување, при отпуштање од работа, развод, но и во сите други вообичаени состојби. Потомството ја збогатува државата, затоа е важно да им се понудат сите услови и олеснувања како што функционираат речиси сите земји од Европа.

Еднакви.мк: Кој е најважниот совет што некогаш сте го дале некому?

Добрила Коровешовска: Можеби е клише но мислам дека е важно да се повторува,Koroveshovska2 особено на помладите, оти креваат раце на првата пречка: ако се има цел во животот ништо да не биде пречка за да се оствари, дури и да постојат пречки, важно е да се прескокнат и повторно да се оди кон целта. Исто така децата ги учев да бидат хумани, мислам дека во основа оваа особина е база за успешен карактерен развој.

Еднакви.мк: Што би им порачале на одлучувачите да направат за жените во Македонија?

Добрила Коровешовска: За почеток што побрзо да се погрижат за поголема заштита на самохраните мајки. Тоа е категорија на жени на кои им е неопходна голема помош и поддршка, а не ја бараат, всушност немаат време од обврски да мислат на своите права. Им требаат бенефиции за дом, вработување, сместување на децата во јавни установи. Им треба и психолошка поддршка, а и дневни центри за ако треба некаде да ги остават најмладите за да завршат работа кога нема кој да има ги причува.

Еднакви.мк: Што би им порачале на младите жени кои се сеуште несигурни во себе?

Добрила Коровешовска: Поставете си цел, но од срце, искрено посакувана, нема да е лесно но важно е дека целта постои и итате кон неа. Дури и да паднете психички, најдете сила да се кренете, вистинскиот труд и посветеност вродува со плод, порано или подоцна.

Be the first to comment on "Секојдневни Хероини – Добрила Коровешовска"

Leave a comment

Your email address will not be published.

*