Секојдневни Хероини – Светлана Ангелкова

angelkova

Во рамки на серијалот „Секојдневни Хероини“ започнуваме со интервјуа на жени кои секој ден прават по некој успех, без да се фалат со тоа. Жени што се справуваат со различни предизвици стоејќи и секојдневно се борат. Жени кои имаат огромно животно искуство кое споделено со други ќе придонесе за зајакнување на позициите на жените воопшто. Денес разговараме со Светлана Ангелкова.

Еднакви.мк: Кој момент го сметате како пресвртница во својот живот, односно Ви оставил најголемо влијание во животот?

Светлана Ангелкова: Се разбира раѓањето на моите две ќерки, грижата околу нив, нивните успеси како прво.. но и моето вработување би го вброила тука, истото се случи во поодминати години и тоа беше нешто што дополнително влијаеше да се реализирам комплетно себеси.

Еднакви.мк: Што мислите дека им е најпотребно на жените во Македонија?

Светлана Ангелкова: Да бидат повеќе ценети во општеството, зошто сметам дека во многу разични аспекти тие го претставуваат столбот.

Еднакви.мк: Кој е најважниот совет што некогаш сте го дале некому?

Светлана Ангелкова: Секогаш после облаци доаѓа сонцето, би додала и … Само трпение, секогаш се си доаѓа на свое место.

Еднакви.мк: Што би им порачале на одлучувачите да направат за жените во Македонија?

Светлана Ангелкова: Да ги вклучат жените во повеќе сегменти, да им дадат поголем простор и во големите одлуки.

 Еднакви.мк: Што би им порачале на младите жени кои сè уште се несигурни во себе?

Светлана Ангелкова: Да чекорат храбро во животот, затоа што секогаш ќе има успони и падови, да не очајуваат бидејќи ние самите сме креатори на сопствениот живот. Пред се сами да си помогнеме.

Be the first to comment on "Секојдневни Хероини – Светлана Ангелкова"

Leave a comment

Your email address will not be published.

*