Секојдневни Хероини – Лиса Баута Шакири

bauta shakiri

Еднакви.мк: Кој момент го сметате како пресвртница во својот живот, односно Ви оставил најголемо влијание во животот?

Лиса Баута Шакири: За мене е многу тешко да одвојам момент кој би бил најважен, или пресврт во мојот живот. Сметам дека животот се состои од повеќе моменти, или подобро кажано прилики за пресврт. Обично, тие доаѓаат во вид на потешкотии, блокади, каде застојот кој го причинуваат ни овозможува да се мобилизираме, да собереме нови сили, да стекнеме повисок степен на свесност и да продолжиме понатаму како подобра верзија на самите себе. Друга причина зошто не можам да одвојам ниту еден момент е фактот што секој од нив ми донел нешто што мене до тогаш ми недостигало. Секој таков момент, колку и да е тежок, знам дека е дар што ми овозможува душевно да се надградувам.

Еднакви.мк:  Што мислите дека им е најпотребно на жените во Македонија?

Лиса Баута Шакири: Тоа што најчесто го гледам како недостиг кај повеќето жени е храброста, волјата и решителноста да се соочат со самите себе и со животот. Не ретко, заслугата за таква загуба ја препишуваат на околината, затоа што е многу тешко да се бара и најде нашиот удел во се што ни се случува. Жената во Македонија заборава дека си е доволна самата за да ги направи сите промени по кои копнее, и за жал, не постои никаква друга сила која би можела тоа промена да ја направи за неа. Зрелоста која доаѓа со прифаќање на одговорноста е нешто што жената, а и целото општество сеуште не е спремно да го постигне.

Еднакви.мк:  Кој е најважниот совет што некогаш сте го дале некому?

Лиса Баута Шакири: Никогаш не сум сакала да прифатам совети кои ми звучеа како баук. Од мала го имам отпорот кон совети зошто често советувањето знае да звучи како наредба. Многу внимавам кога советувам некого, затоа што сметам дека добар совет е тој што е соодветен и му лежи на човекот кој го добива тој совет. Совет кој никогаш не се покажал како погрешен, и кој многу често го давам е “сакај се и грижи се за себеси онолку колку го сакаш и се грижиш за твоето дете (или друг близок)“.

Еднакви.мк: Што би им порачале на одлучувачите да направат за жените во Македонија?

Лиса Баута Шакири: Би им порачала никогаш да не одлучуваат без да се советуваат bauta shakiri1со нивните мајки, сестри, сопруги, па макар тоа било и ситна одлука во смисла “која кравата да ја носи денес”. Моќта на одлучување мора да се дели со жената, инаку овој свет нема да е убаво место за никој од нас. Во случаи кога одлучувачите се жени, би им порачала да не потпаѓаат на искушението да бидат поголеми мажи од мажите. Бидувањето маж е хендикеп за жената. За жената нема потреба да направат ништо, освен да ја поддржат. Жената е доволно силна да направи све што ќе науми, а тоа секогаш го постигнува на поубав начин од мажот.

Еднакви.мк: Што би им порачале на младите жени кои сеуште се несигурни во себе?

Лиса Баута Шакири: Младите жени по дифолт се несигурни во себе. Сите тие семинари, книги, правила и чекори како да се стане сигурна во себе понекогаш придонесуваат да младите жени ја изгубат приземноста и критичноста кон самите себе, и да станат нарцисоидни и неодговорни. Несигурноста е одлика на здрав разум. Секој кој знае дека сеуште не го достигнал својот врв како личност се чуствува несигурен. Тоа што е штетно, е крајноста кога младите девојки сметаат дека секој е подобар од нив. Било која споредба со другиот е штетна. Би им порачала на сите млади девојки да сфатат дека животот е процес на градење на персоналитетот. Секој ден бидете подобри од тоа што бевте вчера, само прогресот е единица мерка за успех, и сигурен рецепт за самодоверба.

Be the first to comment on "Секојдневни Хероини – Лиса Баута Шакири"

Leave a comment

Your email address will not be published.

*