Секојдневни Хероини – Соња Трифуновска

trifunovska

Еднакви.мк: Кој момент го сметате како пресвртница во својот живот, односно Ви оставил најголемо влијание во животот?

Соња Трифуновска: Пресвртница во мојот живот настана во далечната 1999 год. кога активно се вклучив во најголемата тогашна опозициона партија, во која сум и активен член до ден денес.Ми пречеше помислата дека жената треба да е посветена  само на  својот дом, туку дека таа може да  се соочи со сите предизвици и влијанија во општествениот живот.Влегувањето во политичките води ме направија многу похрабра и посилна жена од тоа што бев, на што сум многу горда.

 

Еднакви.мк:  Што мислите дека им е најпотребно на жените во Македонија?

Соња Трифуновска: Периодот позади нас ја уназади местоположбата на жената во општеството. Како демократско општество кое е на пат кон влез во Европската унија мораме да се стремиме кон општество каде што жената ќе ја има повеќе на раководни функции, ќе биде рамноправно вклучена во креирањето на политиките и носењето на одлуки кои се од исклучителна важност за државата, изедначување на платите по полови,економска независност и рамноправност,нулта толеранција на насилството врз жените и живот без насилство. На жените во Македонија им е потребна силна воља, храброст, истрајност, видливост и најбитното многу поголема еманципација. Сето ова да се постигне потребен е слух од тие што одлучуваат во општеството .

 

Еднакви.мк:  Кој е најважниот совет што некогаш сте го дале некому?

Соња Трифуновска: На сите свои блиски пријатели како совет им го давам моето животноtrifunovska1 мото, а тоа е  истрајност, храброст и одлучност. Биди секогаш своја на своето. На сите животни предизвици  да се пристапи со голема мудрост и истрајност.

Еднакви.мк: Што би им порачале на одлучувачите да направат за жените во Македонија?

Соња Трифуновска: Родовата рамноправност во општеството е можна, пожелна и неопходна за живот без фрустрации.Родовата рамноправност подразбира дека сите и мажите и жените се исти. Прв чекор кон родово рамноправно општество е надминување на стереотипите на оваа тема. Потребно е превземање на мерки кои што ќе вродат вистински резултати, а ќе се однесуваат на сите жени во општеството. Одлучувачите не треба да се плашат од  жените, затоа што само општество кое овозможува еднаквост помеѓу половите, може да биде праведно општество.

 

Еднакви.мк: Што би им порачале на младите жени кои сеуште се несигурни во себе?

Соња Трифуновска: Младите жени не смеат да дозволат да си го гледаат сопствениот живот како им минува пред сопствените очи.Не треба да дозволат да ги води несигурноста и стравот.Животот е секојдневна борба во која треба са се чекори храбро без откажување пред сите препреки на кои неминовно ќе наидуваат, затоа што животот не е „генерална проба “ туку премиера!

 

 

Be the first to comment on "Секојдневни Хероини – Соња Трифуновска"

Leave a comment

Your email address will not be published.

*