Промоција на проектот „Вклучување на родовите аспекти во руралниот и земјоделскиот развој”

20180424_112839

Сојуз-Национален совет за родова рамноправност во партнерство со Здружението за локален и рурален развој и Рурална коалиција-Куманово, денес го организираа почетниот настан на ИПА проектот „Вклучување на родовите аспекти во руралниот и земјоделскиот развој.”

Настанот има промотивен карактер и на истиот се презентира целите, резултатите и активностите кои што се предвидени да се реализираат во рамки на проектот.
Проектот се спроведува во периодот од декември 2017 до јуни 2019 год и е финансиран од Европската унија преку Секторот за централно финансирање и склучување на договори (ЦФЦД) во рамките на Министерството за финансии.20180424_112852

Проектот ќе придонесе кон зголемен процент на користење на ИПАРД фондовите во адаптирањето на земјоделството во Македонија со стандардите на Европската унија. Во исто време преку испораката на советодавни и образовни услуги и преку подобрување на квалитетот на информациите и обуките доставени до граѓаните со посебен фокус на жените и младите ќе се поттикне вклучувањето на родовите аспекти во земјоделските политики и руралниот развој во земјата.

Be the first to comment on "Промоција на проектот „Вклучување на родовите аспекти во руралниот и земјоделскиот развој”"

Leave a comment

Your email address will not be published.

*