WeMake: Женско претприемништво за конкурентност

IMG-8afea4877786cace474dc3244e708041-V

          Вчера во хотел Стоун Бриџ се одржа промотивниот настан за претставување на проектот WE MAKE: Женско претприемништво за конкурентност“, финансиран од Европската Унија, кој Здружението на бизнис жени, во партнерство со ГТФ Иницијативата за одржлив раст од Хрватска, го спроведува оваа и следната година.

          Организациите спроведувачи активно ќе реализираат повеќе проектни активности, во неколку фази, со постоечки и нови општествени партнерства, заедно со сите релевантни и засегнати чинители, за подобрувањето на можностите на младите жени и девојки, во ИKТ и СТЕМ секторот, како и во зелената економија и социјалното претприемништво, за вработување и самовработување. Исто така, проектот подразбира и поддршка на жените претприемачки за вмрежување, извоз и кластеринг, како и поврзување со институциите и граѓанските организации во избраните општини од осумте плански региони, каде проектот се реализира: Битола, Струга, Велес, Тетово, Куманово, Штип, Струмица и Скопје. Проектните активности предвидуваат обуки, во осумте плански региони, преку нестереотипна и иновативна програма за кодирање, со кои ќе бидат опфатени мин. 500 средношколци. Преку проектните интервенции и ресурси ќе се овозможи поддршка со обуки за нови технологии, ICT/STEM/Green/Social, стартап, извоз и кластеринг,IMG-a2db41972541b4bab2983c4be9ad707b-V на 150 потенцијални старт – ап жени и девојки, а преку повратни информации и менторство, понатаму  ќе произлезат и најмалку 15 нови бизниси на жени. Во тек на проектната реализација ќе биде воспоставен и достапен за пристап и употреба WE MAKE веб портал, кој предвидува функционален виртуелен инкубатор, хуб за извоз и за онлајн тренинзи, како и редовно информирање на сите заинтересирани, постоечки и потенцијални претприемачки, за сите новини и отворени можности.

          Проектот треба да придонесе кон зголемување на конкурентноста на економијата во земјата, преку поддршка на различен екосистем за претприемништво, вклучувајќи ги жените и граѓанското општество. Со проектот се предвидува поттикнување и поддршка на актуелните и потенцијалните жени претприемачи преку зголемена и подобрена употреба на технологија, иновации, вмрежување и извоз, како и градење на капацитетот на националната асоцијација за женско претприемништво – Здружението на бизнис жени и Платформите за зајакнување на екосистемот за претприемништво, преку имплементација на Националната Стратегија за развој на ЖП 2018-2022.
Граѓанското општество исто така ќе има директен пристап до информации за новите улоги на жените и девојките во современата конкурентна економија  и поконкретно за Стратегијата за Развој на женско претприемништво.  Преку настанот се презентира важноста на проектот за развојот на женското претприемништво, се претставува  проектниот тим, а поканетите говорници ќе дадат информации и појасна слика за институционалната поддршка и постоечкиот организиран пристап за јакнење на женското претприемништво, завршувајќи со инспиративното обраќање на одбраните жени претприемачки и мотиватори, членки на Здружението на бизнис жени.

Be the first to comment on "WeMake: Женско претприемништво за конкурентност"

Leave a comment

Your email address will not be published.

*