СЕКОЈДНЕВНИ ХЕРОИНИ- Јана Јанеска Ристески

33784253_10216204235481662_5950505918197137408_n

Во рамки на серијалот „Секојдневни Хероини“ започнуваме со интервјуа на жени кои секој ден прават по некој успех, без да се фалат со тоа. Жени што се справуваат со различни предизвици стоејќи и секојдневно се борат. Жени кои имаат огромно животно искуство кое споделено со други ќе придонесе за зајакнување на позициите на жените воопшто. Денес разговараме со Јана Јанеска Ристески.

Еднакви.мк: Кој момент го сметате како пресвртница во својот живот, односно Ви оставил најголемо влијание во животот?

Јана Јанеска Ристески:  Мојата желба да се видам себе како Indiana Jones во тоа време или Lara Croft денеска (конечно и женски лик од тој ранг), е првата пресвртница во мојот живот и првиот чекор кој резултираше на крајот со дипломиран историчар на уметност и археолог.

Не се вработив како историчар на уметност ниту како археолог, разбирливо во Македонија живеам, а токму тука се случи и вториот пресврт во мојот живот, кога решив да прифатам и почнав да работам во продажба на Т-мобиле, и искрено можам да кажам дека тоа за мене беше факултетот кој ми недостасуваше за да можам да ја комплетирам сликата и да почнам сама и одлучна во  понатамошните  води. Во тие десет години работно искуство научив се, како треба и како не треба да се води една компанија, имав прилика да бидам присутна во нејзините убави денови, но исто така гледав и како можеш, ако сакаш, и да уништиш се што до тогаш се градело. Во тој период и тие турбулентни времиња научив многу и за себе и за моите идни чекори. Пред се научив да бидам упорна и истрајна, темелна сум била секогаш и тоа не морав да го учам.

Третата пресвртница е моментот кога од сама, одлучна и одговорна за своите чекори, одеднаш стануваш мајка и се поврзано лично со тебе  оди во втор план, тоа е момент кој во целина ги менува приоритетите, но сепак чувството е незаменливо.

Еднакви.мк: Што мислите дека им е потребно на жените во Македонија?

Јана Јанеска Ристески: Многу од жените во нашата држава сеуште имаат статус на „зависна“ и неможат да се реализираат надвор од рамките на семејството, сеуште има проблеми во општествената свест по основ на пол, дури и кај самите жени кај кои традиционалната улога е доста вкоренета. Токму овие причини треба да не водат во идните потези. Треба да се работи на градење и зацврстување на самодовербата, одлучноста, истрајноста и темелноста кај самите жени, треба да се интегрираат во сите полиња на општеството, жалосно е тој квалитет да остане неискористен и само заради одредени традиционални неиздржани ставови да се кочи напредокот и на самата жена, а и на целото општество.

Еднакви.мк: Кој е најважниот совет што некогаш сте го дале некому?

Јана Јанеска Ристески: Непријателот чувај го пред себе, така имаш поголема можност да знаеш што ти подготвува.

Еднакви.мк: Што би им препорачале на одлучувачите да направат за жените во Македонија?

Јана Јанеска Ристески: Да received_10216204235361659почнат да го почитуваат и применуваат законот за еднакви можности на мажите и жените. Да се работи на подобрување на положбата на жената во општеството. Мора да се направат чекори за надминување на родовиот дисбаланс на пазарот на трудот. Треба да се дадат поголеми и отворени можности и да се искористи тој важен потенцијал.

Еднакви.мк: Што би им препорачале на младите жени кои се сеуште несигурни во себе?

Јана Јанеска Ристески: Амбицијата е првиот чекор до успехот, вториот е акција, знам дека никогаш нема да го добијам истиот момент два пати и затоа си дозволив да бидам и почетник, така научив што се сум способна и научив да ги препознавам сопствените лимити. Не ми е важно што мислат другите и знам дека ако сакаш да постигнеш нешто, не го замислуваш истото, само работиш на тоа, ете толку е едноставно. Едноставно знам да создадам и знам да превземам ризик, ако беше лесно успехот ќе беше секојдневие. Во ред е да се има тоа што ќе се посака, затоа мојата препорака до сите млади жени е: Работи напорно во твојата лична надоградба и вложувај во себе се додека не се изедначиш, па добро е и да ги надминеш своите идоли.

Be the first to comment on "СЕКОЈДНЕВНИ ХЕРОИНИ- Јана Јанеска Ристески"

Leave a comment

Your email address will not be published.

*