Европската Унија и мајките доилки

Заедно со Европските изборите, убаво е да се знаат некои информации околу законите што ќе се гласаат , посебно оние што ќе се однесуваат на семејните права, во случајов конкретно што  прави Европската унија за мајките доилки.

Европските закони забрануваат дискриминација на правото на доење на мајките, посебно на работното место. Нивното здравје и сигурност е највисок приоротет и сите ЕУ членки мора да се адаптираат на одредените стандарди.

Доколку работните услови се штетни за мајките кои дојат, работодавецот мора да ги прилагоди тие услови за да и овозможи на мајката функционална работна атмосфера. Доколку тоа не е можно , неа мора да и се даде породилно отсуство. Европскиот закон исто така забранува работење во ноќни смени после породилство.

Иако  имаше значителен прогрес во законите за мајките доилки кои се враќаат на своите работни места , сеуште има простор за подобрување. Европската Унија веќе работи на подетален план и закон, да го подобри временскиот премин-период помеѓу породилното отсуство и вработувањето , вклучувајќи посебни простории за доење  на работните места и паузи низ работниот ден. Европската Унија верува дека добрата состојба на мајките и нивните деца  треба да бидат приоритет на здравството во Европа.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *