Како да се нашминкате кога имате интервју за работа?

Дали некогаш сте се запрашале дали силно портокаловиот кармин може да ве чини губење на шанса за работа? Или пак темната сенка на вашите очи?

Познатиот Рики Вилсон, кој е дел од тимот на Диор ги има одговорите на овие прашања.

Доколку одите на интервју:

Тој вели – “Вашата цел е да ја изразите вашата природна убавина, а не да ја засените со многу шминка . Доколку некој влезе во мојата канцеларија со smoky шминка на очите , премногу руменило, црвен  кармин , јас само ќе се запрашам каде девојката оди после ова интервју”. А тоа не сакаме да ни се случи.

1.Нежна кожа и минимална течна пудра секогаш победува 

2. Нежно розевкасто пуменило е клуч за да изгледате здраво и свежо.

  • Ајлајнерот и светкавите сенки за очи треба да ги оставите за средби со вашите пријателки. Тој препорачува бои на праска или светло кафеави нијанси кои дополнително ќе го освежат вашиот изглед.
  • Премногу сјај на усна изгледа непрофесионално. Наместо тоа ставете нежен розев или праска боја на кармин.

3Нокти. Можеби најважно од се е вашите нокти да изгледаат уредно.  Повторно , светкави додатоци во вашиот лак не се препорачливи. Најсигурна варијанта е нежен пастелен лак.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *