Професионалност на работното место – како да се однесувате во вашата канцеларија

Можеби сте се запрашале дали некој ќе запримети ако не се однесувате професионално на работното место? Одговорот е – дури и ако ја работите својта работа одлично , вашиот претпоставен, клиентите и колегите ќе забележат. Ова може да влијае на вашето идно потенцијално напредување, дури може да влијае и врз тоа дали ќе ја задржите вашата работа.

Како да покажете професионалност ? Придржувајте се кон  следните совети:

  1. Пристигнувањето на време нека ви биде приоротет

Кога доцните, кај своите претпоставени  оставате впечаток дека не ви е важна работата. Тие ќе помислат дека вие не го цените нивното време. Пристигнете 5 минути порано и враќајте се од паузите на време.

  • Бидете позитивни

Оставете го вашето лошо расположение пред вратата кога влегувате на работа . Сите имаме денови кога не сме насмеани и позитивни и не се осеќаме добро. Но запомнете, не смеете тоа да го пренесувате на вашите колеги и претпоставени.

  • Понудете се за помош кај вашите колеги

Вистински професионалец има желба да помогне и на другите кога тие се преоптоварени или се пред некоја покомплицирана задача. Него/неа не му/и е проблем да пренесе знаење , мислење или едноставно малку помош.

  • Не ги криете вашите грешки

Колку и да звучи тешко, превземете одговорност и направете се од себе  да ги поправите. Обидете се да да не ги повторите.

  • Не лажете

Неискреноста секогаш прави да изгледате лошо, било дали станува збор за лажење во вашето CV или лажете дека не сте добри и отсуствувате од работа. Вистински професионалец во своето резиме ќе напише се она што реално знае и е способен/на да работи. Додека за своите послаби способности ќе каже дека ќе ги надополни со своите силни страни. Доколку сакате да земете слободен ден , земете ден од одморот или пак неплатен ден.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *