Женева-Усвоен е договорот за зголемена заштита на работниците кои се соочуваат со насилство и вознемирување.

На 21 Јуни 2019, од страна на  Интернационалната Трудова Организација од Женева е усвоен договорот за зголемена заштита на работниците кои се соочуваат со насилство и вознемирување. Членовите на оваа организација, претставниците на работниците и организациите на работодавците, веќе две години преговараа за да се прифати оваа конвенција.

 “Ова е историски момент за властите , работниците и работодавците” – вели Ротна Бегум- истражувач за човекови права во Humans Right Watch.

Властите кои го ратификуваа овој договор ќе треба да развијат национални закони кои ќе го забранат насилството на работните места и ќе превземат превентивни мерки , како кампањи со информации за политиките за спречување на насилството. Договорот исто така ќе ги обврзи властите да го мониторираат процесот, да креираат механизми за можност за поплаки, заштита на сведоци и услуги за жртвите на насилство како и мерки за заштита на жртвите од одмазда.

 “Многу работници се соочуваат со насилство , не само во канцелариите и фабриките , но и на нивните службени патувања, социјалните настани како и при работата со нивните клиенти” –вели Бегум. Таа порачува дека властите сега треба го имплементираат овој договор и да го претворат  сонот за посигурен свет во реалност.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *