Словачка ја доби првата жена претседател – Зузана Чапутова

Адвокатката и активистка за заштита на животната средина, Зузана Чапутова победи на претседателските избори во Словачка.

Според прелиминарните податоци, во вториот круг таа ја доби поддршката од 58 отсто од граѓаните, соопшти Словачкиот Статистички Институт. Чапутова ќе биде првата жена на највисоката функција во земјата.

Вториот кандидат, заменик шефот на Европската Комисија, Марош Шефчевич добил 41 отсто од гласовите.

Чапутова стапи на должноста на 15 јуни и е петти претседател на земјата, од прогласувањето на независноста во 1993 година. Според прелиминарните податоци, на изборите излегле 40,33 отсто од избирачите.

На средбaта со Словенечкиот премиер Петерв Пелерини, таа изјави дека нема сомнеж во нејзините залагања за просперитетот и сигурноста на земјата поврзани со про-европските и про-атлантските ориентации на Словaчка.

Новата претседателка веќе остварува и  интернационални  средби. Таа се сретна  со претседателот на Чешката Република и Претседателот на Сенатот на Кубера. Нејзината втора дестинација беше Брисел, каде што  изјави дека нивната иднина ја гледа во силната и обединета Европска Унија. Таа потенцира дека ќе се залага за уште поголема меѓународна регионална соработка.

Чапутова на дента на нејзиното прогласување за претседателка на Словачка изјави: “Jас не дојдов во владата да владеам, но да служам . Ја нудам својта мудрост, срце и обете раце.”

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *