Анџелина Џоли повикува на лидерство и хуманост додека милиони бегаат од Венецуела

На дводневна посета во Колумбијa специјалната пратеничка на UNHCR, Ангелина Џоли, се сретна со бегалците, оние што се вратиле и властите, да го оцени човечкиот хуман аспект  на овој голем проблем.

Анџелина Џоли апелираше за поголема поддршка на земјите кои се во ваква криза.

“Овде се работи за “живот или смрт” ситуации на милиони. Во денешниот свет, нам ни е потребна хуманост повеќе од секогаш и рационално размислување од луѓе штo не се плашат да превземат одговорност и да покажат лидерство.”

Ова е нејзина 65-та мисија одкога е членка на UN Бегалската Агенција (2001 година). Таа имаше средба со претседателот на Колумбија Иван Дукуе и ја изрази нејзината благодарност  до владата и луѓето на Колумбија што реагираа на кризата во Венецуела. “Вашите деца ќе се сеќаваат на ова време како на време кога вие навистина сте ги спасиле”.

 

Таа зборуваше со новинарите на помалку од 10 киломерти од границата , во центарот кој ги згрижува бегалците на 30 дена. Во моментов  центарот е засолниште на 350 луѓе во ризик, кои добиваат легална помош, активности за деца, медицинска помош и психолошко советување. ’Луѓето овде не заштитуваат” – рече една 17 годишна девојка сместена во засолништето. “Ни помагаат, се грижат за нас. Се чувствувам почитувана и горда.”

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *