Жените во Швајцарија протестираат за родова еднаквост и еднакви плати со мажите

Ова движење потсетува на слични протести од 1991 кога 500.000 жени зедоа учество на улиците во Швајцарија , што пак резултираше по пет години да се усвои  Актот за Родова Еднаквост. Легислативата забрани дискриминација на работното место и сексуално вознемирување.

Но еве, после 28 години од првиот протест, жените во Швајцарија продолжуваат да се борат, овој пат за разликата во платите под слоганот – “Плати, Време, Почит”.

Според статистиките на Федералната Статистичка Канцеларија , жените заработуваат  19,6 %  помалку од нивните машки колеги.

Циришкиот колектив на женските протести , во манифестот напиша- “Ние протестираме затоа што жените заработуваат помалку за истите работни позиции, не добиваат унапредувања , ги има многу малку на повисоки функции и типичните женски професии се малку платени”

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *