Нови жени на лидерски позиции во ЕУ

Урсула вон дер Лејсен стана првата жена претседателка на Европската Комисија.

Таа е мајка на седум деца и важи за една од најблиските соработнички на Ангела Меркел, во чија влада досега беше единствена жена министерка. Таа во изминатиот период  служеше како министерка за одбрана, предходно беше министерка за труд и социјала, а од 2005-2009 година беше министерка за семејни одности, жени и деца.

Другата вест е тоа дека Европската централна банка за прв пат доби жена претседателка, французинката Кристин Лагард (досегашна директорка на Меѓународниот монетарен фонд) Лагард досега служеше како министерка за економија , финансии и индустрија и министерка за агрокултура.

Белгисиот премиер Шарл Мишел доаѓа на позиција претседател на Европскиот совет, додека Шпанецот Хосеп Борел ќе биде еден од високите претставници за безбедосна и надворешна политика на Унијата

“Беше потребно повеќе време од планираното, но сето тоа го постигнавме во рокот. Договоривме цел пакет пред првата сесија на Европскиот парламент. Пред пет години на европските лидери им беа потребни три месеци да донесат одлука за именувања , а овој пат тоа е направено за само три дена . Избравме две жени и двајца мажи за клучните позиции. Тоа е совршен родов баланс. Вредеше да се чека за ваков исход”, изјави Доналд Туск, досегашниот претседател на Европскиот совет.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *