Јапонските жени против носење на високи потпетици на работните места

Јапонски жени потпишуваат петиција за да се сменат кодовите на облекување на работните места што бараат од нив да носат чевли со високи потпетици на работа.

Кампањата е потпишана повеќе од 19,000 пати, а започна во Токио од страна на артистката и писателка Уми Ишикагва, која што првенствено што ја сподели својата фрустрација за кодовите на облекување  на социјалните мрежи .

За да ја подигне свеста за ова прашање, Ишикагва креира хаштаг #KuToo, играјќи си со зборовите  “kutsu”  што значи чевли и “kutsuu”  што значи болка. 

Писателката исто така го постави прашањето зошто од мажите во Јапонија не се бара да следат слични стандарди на работното место.

И покрај собраните 19,000 потписи , официјалното Јапонско Министерство за Здравје, Труд и Еднакви Можности за Вработување изјави за CNN дека нема во план да ги смени правилата или да воведе закон кој ќе им наложи на компаниите да одредуваат код на облекување, додавајќи дека и од мажите често се бара да почитуваат правила, како на пример да носат вратоврски или кожни чевли.

Јапонија моментално е рангирана на 110 место од 149 земји за родова еднаквост на Светскиот Економски Форум.

Носењето на високи потпетици може да го зголеми  ризикот на истегнување на мускулите и кршење на зглобовите, дури и да предизвика остеоартритис- посочуваат истражувачките трудови и американските асоцијации за здравје.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *