Идејата на ednakvi.mk е да овозможи најголем можен број на родови информации на едно место. Целта на страната е да им овозможи на жените во Македонија едноставно да дојдат до сите информации кои ќе им овозможат да го подобрат своето живеење, како и да да ги дознаат сите можности кои им се нудат од страна на домашните и странските институции и здруженијата на граѓани. Едновремено страната цели да овозможи презентација во јавност на жените од различни области на општественото живеење и нивните цели.
Страната е основана како дел од активностите на Мрежата на жени за нови политики МРЕЖА ИДЕМ.
Здружението Мрежа на жени за нови политики МРЕЖА ИДЕМ ги има следните цели и задачи:
1) Да воспостави и одржува мрежа на поврзување меѓу членовите на Здружението и други институции, организации или мрежи заради унапредување на политиките кои влијаат на положбата на жените во Република Македонија
2) Да изгради форум за размена на идеи и искуства во разни области со цел за зајакнување на статусот на жените во Република Македонија;
3) Да се промовира и помага натамошниот професионален развој на членовите на Здружението, со залагање и изнаоѓање начини за надградување на нивните знаења, вештини и капацитети заради бенефит на нашите работни организации и земјата во целина;
4) Да овозможи дискусија на прашањата во врска со националниот развој, со објективност и непристрасност, на кој начин Здружението ќе функционира како ‘’резервоар на идеи’’ за креативни инцијативи и акции;
5) Се фокусира на обновување на довербата во клучните демократски политички институции преку зајакнување на партиципативната и вистински репрезентативна демократија со паритет во сите тела за донесување одлуки;
6) Нагласување на дијалогот за вистински важни прашања, како што се владеењето на правото, потребите и издржливоста на граѓаните, наместо на границите и идеологиите;
7) Отфрлање на дискриминаторскиот јазик и дејствување во јавната сфера и сите сфери на животот, како и подигнување на свесноста и афирмација на важноста на постигнување на родовата рамноправност;
8) Енергична акција за универзален пристап до образование, здравство, домување и социјална сигурност во случај на потреба, како и праведни и еднакви можности за економска еднаквост и просперитет;
10) Вклучување на мажите во дијалогот за родова рамноправност и вклучување на родовите аспекти во главните политики;
9) Се фокусира на заштитата на општото добро и на животната средина;
Промовира и поттикнува креирање на родово сензитивни политики, како и други можности за подобрување на родовата рамноправност.