Со Законот за превенција, спречување и заштита од семејно насилство се уредува одговорното и должно постапување на институциите и здруженијата, нивната меѓусебна координација и соработка, заради превенирање и спречување на семејното насилство и обезбедување на заштита на жртвите. Овој закон ги пропишува дефинициите за семејно насилство, надлежните органи и институции и нивната соработка, мерките за превенција и заштита, како и прекршочните санкции. Целиот текст на законот е на следниот линк Закон , а последните измени на законот ги има на следниот линк Измени на закон
Заедничкиот Протокол за постапување во случај на семејно насилство се наметна како нужност за превземање на координирана акција на сите професионални структури кои имаат мандат за постапување во случаи на семејно насилство. Протоколот се темели на законските и подзаконските акти, како и на обрвските предвидени во Националната Стратегија за заштита од семејно насилство и ги прецизира: активностите на сите надлежни институции во откривањето и намалувањето на семејното насилство и пружањето на соодветна заштита на жртвите; облиците и начините на соработка помеѓу институциите; како и завршните одредби со кои се пропишуваат постапките во согласност со активностите на овој Протокол.
Најнови коментари