Вести

Марк Цукерберг ќе земе родителско отсуство

Марк Цукерберг, основачот и генерален директор на Фејсбук најави дека ќе земе два месеци родителско отсуство откако ќе се роди неговото прво дете. “Истражувањата покажуваат дека кога вработените родители ќе земат време да бидат со своите новороденчиња, резултатите се подобри и за децата и за семејствата”, напиша Цукерберг на социјалната мрежа. “Во Фејсбук нудиме на нашите вработени во САД и до четири месеци на платено породилно отсуство или татковско отсуство, кои тие можат да ги земат веднаш или во текот на првата година.” Одлуката на Цукерберг е невообичаена за носители на највисоките функции на американските компании за технологија, што ја прави дотолку позначајна.