Вести

Можности за жени во бизнис – Трибина на Здружението на бизнис жени

Во рамките на редовните месечни состаноци на Здружението на бизнис жени се одржа Трибина, на која  говорници беа:
1. Бети Дејанова, претставник на организацијата PUM од Холандија за Македонија
2. Ловре Ристевски, проектен координатор за проектите: – Crimson Capital Coo, Finance Manager – USAID – Innovation Financing Vehicles, EBRD WeBSEFF Project
3. Маја Антеска, Европска Банка за Обнова и Развој, Национален Програм Менаџер
4. Претставничка од Охридска банка
5. Сузана Костадинова, Претставник од Министерство за Економија
На трибината беа презентирани можностите за пристап до финансиски и нефинансиски услуги за кои жените покажаа голем интерес. Ова е една од многуте активности преку кои Здружението се обидува да ги подобри можностите за жените во приватниот сектор, истакна Валентина Дисоска, Претседателка на Здружението на бизнис жени. Трибината помина во одлична атмосфера, креирајќи уште една можност за вмрежување и заемна поддршка на жените во бизнис заедницата.