Ирена Сендлер (15 февруари 1910 година – 12 мај 2008 година), била полска медицинска сестра и социјална работничка која соработувала со полското подземно движење во Варшава за време на Втората светска војна. Со помош на некои дваесетина други членови, Сендлер шверцува околу 2.500 еврејски деца од Варшавското гето, за потоа да ги обезбеди со лажни документи за идентификација и засолниште надвор од гетото, спасувајќи ги на тој начин овие деца од холокаустот. Како вработена во Секторот за социјални работи, таа имала посебна дозвола за влез во Варшавското гето за да провери за знаци на тифус, болест која Германците стравуваат дека би се проширила надвор од гетото. За време на овие посети, таа ја носела Ѕвездата на Давид како знак на солидарност со еврејскиот народ. Под изговор за вршење на инспекции на санитарните услови во гетото, Сендлер и нејзините соработници ги шверцувале бебињата и малите деца, понекогаш со амбулантни возила и трамваи, понекогаш ги криеле во пакети и куфери, а користеле и разни други начини.
Еврејските деца потоа биле сместени со полските семејства, во Домот на сестрите од семејството на Марија во Варшава, или католички манастири. Таа и нејзините соработници ги закопувале листите на скриените деца во тегли со цел да имаат евиденција на нивните оригинални и нивните нови идентитети, за да можат да се вратат децата во нивното вистинско семејство по завршувањето на војната. Со исклучок на дипломатите кои издавале визи за да им помогнат на Евреите да побегнат од окупирана Европа, Сендлер спаси повеќе Евреи од било кој друг поединец за време на холокаустот.
Германските окупатори на крајот ги откриле нејзините активности и таа била уапсена од страна на Гестапо, мачена и осудена на смрт, но таа успева да го избегне извршување и да ја преживее војната. Во 1965 година, Сендлер беше призната од страна на Државата Израел, како Праведна меѓу народите. Доцна во животот, таа беше одликувана со Орден на Белиот орел, највисоката чест на Полска.
Најнови коментари