Денес, од 10:00 до 14:00 часот. во Холидеј Ин се одржува работилница на тема „Стоп за насилството над жените во политиката“ во организација на Македонско Женско Лоби.
Целта на работилницата е да се разговара отворено за темите поврзани со сексизмот во политиката и претставувањето на политичарките во медиумите. На работилницата учествуваат повеќе од 50тина претставнички на над 10 политички партии во Република Македонија.
На работилницата се промовираше Водичот за Резолуцијата на Советот за безбедност на ОН 1325 за жени, мир и безбедност за единиците на локалната самоуправа и комисиите за еднакви можности, изработен од Афердита Хаџијаха Имери и Даниела Димитриевска.
Најнови коментари