Покрај извештајот кој ќе биде интегрален, со податоци од сите три фази на истражувањето, и ќе биде одлична база при изработката на Стратегијата за ЖП во РМ, Здружението оди еден чекор понапред, овозможувајќи одржливост на целата идеа за поддршка на жените со сопствен бизнис, преку промовирање на претставнички, избрани преку квалитативното истражување, како focal points во градовите каде што беше спроведено истражувањето, односно координатори на бизнис клубови и организации на жени претприемнички, во Велес, Битола, Кичево и Куманово.
– г-а Мирјана Трајкова, Велес
– г-а Јасмина Антиќ Атанасовска, Битола
– г-а Лилјана Јоноски, Кичево
– г-а Соња Зафировиќ, Куманово
Преку соработката со нив, Здружението на бизнис жени ќе ги споделува сите информации потребни за поддршка, јакнење и промоција на жените во бизнисот, ќе ја пренесува идејата на поширок круг, ќе влијае на менталитетот, ќе развива членството и секако редовно ќе поттикнува на вмрежување на национално и регионално ниво. Со надеж дека овој модел, постепено во иднина ќе го воспоставиме и во другите градови во РМ. бидејќи тоа ќе овозможи поголема вклученост на целната група, како и на останатите социјални партери (локални организации, локални самоуправи…), и секако подигнување на свесноста за потребата од подобрување на условите за женско претприемништво.
Најнови коментари