Европскиот Институт за родова еднаквост (EIGE) изготви датабаза за родови статистики. Базата на податоци содржи родови статистики од сите краеви на Европската унија (ЕУ) и пошироко, на ниво на ЕУ, земјите-членки и на европско ниво. Таа е наменета за обезбедување на статистички докази кои може да се користат за да се поддржи и дополни Стратегијата на Европската комисија за родова еднаквост и за поддршка на земјите-членки да го следат нивниот напредок.
Главни цели на оваа база на податоци е:
- да се изгради широк преглед на статистички податоци за родовите, потенцирајќи разлики и нееднаквости помеѓу двата рода.
- поддршка на мерењето на тоа дали, или до кој степен, родовата еднаквост де факто се постигнува.
- да дејствува како сигурен ресурс во креирањето и следењето на политиките кои се корисни за мажите и за жените и ќе го олесни донесување соодветни одлуки кон унапредувањето на родовата еднаквост.
Туторијалот за користење на датабазата можете да го погледнете тука.
Најнови коментари