Анализи

Граѓанско образование за родова рамноправност

Во рамки на Првиот Форум за родова еднаквост, во организација на FES Skopje и ПРОГРЕС Институт беше изготвена анализата „Граѓанско образование за родова рамноправност“.

Овој документ има за цел да иницира промена на Наставниот план и програма за учебникот по Граѓанско образование за осмо одделение во основното образование преку воведување на содржини поврзани со родовата рамноправност. Со тоа се очекува придонес кон разбивање на постоечките родови стереотипи, предрасуди и родовата дискриминација, особено поради фактот што, бидејќи се поминати скоро две децении од неговата употреба во образованието, содржините во овој учебник се одамна застарени. Имајќи ја предвид комплексноста на материјата, се предлага воведување на 5 часа за родова рамноправост во предвидените 35 часа за Граѓанско образование во текот на една учебна година.

Целата анализа можете да ја видите тука.