Анализи

Здравствена заштита во затворите во Република Македонија, со посебен акцент на здравјето на жените

Во рамки на Првиот Форум за родова еднаквост, во организација на FES Skopje и ПРОГРЕС Институт беше изготвена анализата „Здравствена заштита во затворите во Република Македонија, со посебен акцент на здравјето на жените“.

Намерата на овој труд е да се согледа целосно состојбата со здравствената заштита на лицата лишени од слобода, како од аспект на пропишана легислатива и нејзина усогласеност со меѓународните норми и стандарди, така и од аспект на имплементација на пропишаните норми. При анализата на проблемот посебно се обрнува внимание на здравствената заштита на жените лишени од слобода, имајќи предвид дека различните потреби на мажите и жените бараат и различен пристап во нивното решавање. Целта на овој труд е воспоставување на професионален и ефикасен пристап кон обезбедување на здравствената заштита на лицата лишени од слобода и целосно почитување на нивната личност и достоинство согласно меѓународните стандарди.

Целата анализа можете да ја видите тука.