Вести

Трнливиот пат на Ј.К. Ролинг, авторката на Хари Потер

На 17 години е одбиена од Оксворд, колеџот на кој сакала да се запише. На 25 години ја губи својата мајка, која починала од мултиплек склероза. На 27 години се мажи и има дете од тој брак, иако траел само година дена во текот на кои сопругот бил насилен кон неа. На 29 години живее како самохран родител на социјална помош и пати од клиничка депресија. На 30 години размислува за самоубиство, но сепак ја насочува својата енергија кон тоа што го знае: пишување. На 31 година Блумсбери ја објавува нејзината прва книга, откако претходно други 12 издавачки куќи одбиваат да го испечатат нејзиниот ракопис. На 35 години веќе има обајвено 4 книги и е прогласена за автор на годината. Денес Хари Потер е глобален бренд, со проценета вредност од 15 милијарди долари.

Советот што најчесто го дава на другите е: „Немојте никогаш да се откажете поради страв дека ќе бидете одбиени“

Повеќе интересни детали за нејзиниот живот можете да најдете тука.