Интервјуа

Милена Цветановска, ко-организаторка на Урбан Фест

Милена Цветановска е дел од тимот на Театроск, улична театарска продукција која работи уличен театар, улични промоции и настани со сличен карактер.

Еднакви.мк: Вие сте една од коорганизаторите на Урбан Фест, настан кој ќе се одржи на 28ми и 29ти април на Сквер Јадран во Скопје во организација на „Театроск“. Што всушност претставува Урбан Фест?

Милена: Урбан Фест е уличен уметнички фестивал на живите статуи.  За прв пат во Македонија се организира фестивал од ваков вид кадешто ќе настапуваат артисти од Европа, секако и од Македонија. Жива статуа претставува уметничка форма кадешто артистот ја изразува својата мисла преку статично, скаменето држење на телото. Овој фестивал е можност артистите (живи статуи) да ја “раскажат” својата приказна без да мрднат со ниту еден дел од телото, а публиката да ги “сослуша” и награди.

7Еднакви.мк: Кој ви беше мотивот да го организирате во Скопје?

Милена: Патувајќи со ТЕАТРОСК насекаде во светот, на различни уметнички фестивали, решивме дека е време и ние да создадеме фестивал на живи статуи во Скопје.  Поттикнати сме од тоа да ја претставиме нашата работа овде, како и на останатите артисти кои ќе настапуват на овој фестивал, бидејќи кога ќе кажеме на некој со што се занимаваме, ни се поставуаат куп прашања. Преку овој фестивал ќе дадеме одговор на истите.  За таа цел го создадовме овој проект т.е. фестивал кој без поддршката на Општина Центар немаше да се случи.

Еднакви.мк: Зошто, според Вас, би требало било кој да најде време и да го посети?3

Милена: Многу луѓе кога ќе го слушнат терминот УЛИЧЕН АРТИСТ веднаш помислуваат на просјак. На некој кој нема дом, работа… Овој фестивал ќе им овозможи да видат дека уличните артисти се нормални луѓе, кои чесно заработуваат, имаат споствен дом и семејство, а и се одлични другари.

Еднакви.мк: Што Ве поттикна Вас да се бавите со уметноста на живите статуи?

Милена: Јас многу сакам уметност. Секоја форма на уметност ја почитувам. Живата статуа ми го привлече вниманието затоа што е многу мистериозна и минималистичка уметност.
Стоењето без да мрднеш, да дишеш, а да изгледаш како кукла која на сите им го одзема здивот е огромниот предизвик кој ме натера да ја совладам оваа професија и никогаш да не престанам да ја работам.

Еднак2ви.мк: Што би им порачале на младите кои би сакале да се заинте
ресираат за оваа уметност?


Милена:
Хм… да не почнуваат да ја работат доколку не знаат како да се сосредоточат со себеси и не се спремни да отстојат 3 часа без да трепнат. Оние кои знаат како да медитираат со себе и сопственото тело се идеални за оваа професија којашто ќе им ги отвори вратите на светот.