Вести

Настан – Еднаквоста помеѓу жените и мажите според Советот на Европа

Настанот со којшто Францускиот институт во Скопје го одбележува Денот на Европа ќе се одржи денес од 19:00 до 20:30 часот во ЕУ Инфо центарот. Предавање на настанот ќе има Ан Негр, експертка во Советот на Европа, докторка на науки и адвокатка, на тема:
“ЕДНАКВОСТА ПОМЕЃУ ЖЕНИТЕ И МАЖИТЕ СПОРЕД СОВЕТОТ НА ЕВРОПА“
Европската Унија се темели на вредности, какo што е еднаквоста на граѓаните во сите свои форми.
Г-ѓа Ан Негр ќе се обрне, во своето предавање, на еден од тие аспекти, односно родовата еднаквост, и ќе ни ги изложи заложбите на Советот на Европа во тој поглед.
Предавањето, кое ќе биде со симултан превод, ќе биде придружено со изложба на фотографии на 30 жени од Македонија, на фотографот Милан Стрезовски.
Тие воедно дадоа изјава за начинот на којшто тие ги застапуваат своите права во секојдневието, а истите ќе бидат поставени покрај секој портрет.
Повеќе информации за настанот на:
http://www.ifs.mk/mk/Home/CultureContent/1905