Во целост Ви ја пренесуваме реакцијата на „Една може!“ на текст објавен на www.majkaidete.mk.
Сакаме да повикаме на одговорност и свесност поради небулозните изјави на еден тукушто апсолвиран и тримесечен практикант во Меѓаши – првата детска амбасада во светот, Кристијан Павловски. Нема да молчиме, да не молчиме!
Интересно е како портал „Мајка и дете“ во рубрика „совети за тато“ објавуваат крајно нерелевантен текст, кој ја дискриминира секоја мајка, посебно самохраните мајки кои сами се грижат за своите деца, а можеби некои од нив лично побарале помош од Меѓаши.
Необјасниво е како Меѓаши, преку неискусен и нестручен кадар, со парцијални податоци, фокусирајќи се на индивидуални случаи, за кои дополнително е дискутабилно дали се жртва со оглед дека втората страна е исчезната, го пуштија кутриов да разорува, притоа создавајќи лажна слика за мајките во државава, наркувајќи ги “неодговорни и незаинтересирани” и притоа потенцирајќи дека наводно сега улогите се смениле. И можеби некако и би го проголтале тој податок, да не стоеше во друго соопштение, објавено во истиот портал дека Меѓаши во последната година одговориле на не повеќе ни помалку, туку на 44 повици, од кои 27 во врска со бракоразводни постапки. Значи, заклучокот врз кој се базира целата статија е врз основа на не повеќе од 8 повици во текот на неговото искуство во Меѓаши, со оглед на фактот дека таму е практикант цели 3 месеци.
Во услови на високо-конфликтни односи, во денови каде насилството врз жените е во подем за што говори и фактот дека 73% од самохраните мајки се или биле жртви на насилство, а 70% од сите жени, биле жртви на родово базирано насисилство некогаш во животот, во земја каде броиме точно од 01.01.2015 до денска 16 фемицида, а две жени се преживеани и се со доживотни последици. Ги повикуваме Меѓаши да се едуцираат родово и ако веќе сакаат да го прошируваат своето поле на дејствување, да прават заложби за ратификување на Истанбулската конвенција. Исто така би можеле да го насочат својот фокус кон обезбедување на елементарни услови за живеење на децата од ранливите категории, особено кога месечната издршка ја нема, немаат помош од државата, па се борат буквално за парче леб.
Она што исто така вџашува е фактот што психологогот врз основа на 8 (ајде нека се и 10) јавувања категорично зазема страна, и ја нарушува својата професионална должност и етика,( а тоа е грижата за добрата психичка и балансирана емотивна состојба на граѓаните и граѓанките и непристрасно вршење на својата должност) и притоа покажува дека насоката на дејствување на Меѓаши за жал го променила својот тек и наместо за права и можности за сите деца, тежнее кон права на ним симпатични индивидуи. Сметаме дека секоја една мајка, која го прочитала овој произволен, субјективен и дискриминирачки текст, е ставена во незавидна положба, особено жртвите на насилство, а официјалните податоци велат дека тоа се минимум 70% од жените.
Ја имаме во предвид начелната мисија и визија на Меѓаши, и ако ставот на Кристијан го изразува ставот на Меѓаши, тогаш добробитот и можноста за остварување на детските права и слободи се сериозно ставени под удар од тие што треба да ги застапуваат, па предлагаме да и се вратат и посветат на истата и да не се мешаат каде не им е работа, а посебно да си ги преиспитаат вредносните системи кои ги мотивиират да го прават горенаведеното.
Порталите да проверуваат што објавуваат и да не сечат и лепат напразно, и конечно сите да се едуцираме за антидискриминација.
Сите ние, да престанеме да се сакатиме едни со други.
Посебно болно е дека во последнава недела гледам како мало момче од еднородителско семејство, е емотивно ураганизирано поради овој вид на несензибилност, на цели три пати, поради фактот дека потекнува од различен семеен конструкт, сочинет од мама и него.
Нема да молчиме, ние кои едни сме, а можеме.
Тимот на Една може!
Најнови коментари