Мрежата на младински организации Y-PEER Македонија, во соработка со Организацијата за социјални иновации АРНО и со поддршка од регионалната канцеларија на УНФПА за Источна Европа и Централна Азија организира консултативна средба за претстојната кампања „MenEngage Campaign Macedonia“. Средбата ќе се оддржи на 31-ви Септември 2017 во Скопје со почеток од 10:00 часот. Целта на средбата е информирање на организациите за претстојната кампања која има за цел да ги вклучи младите момчиња и мажи во насока на поткревање на свеста за родовите улоги како и покана за соработка во рамки на истата. Пристапот кој ќе се користи за време на оваа кампања е родово трансформативно програмирање. Родово трансформативното програмирање е нов пристап кој води кон динамика на промените кое е од исклучителна важност во насока на подобрување на родовата еднаквост. Во рамки на оваа кампања испланирани се неколку активности со фокус на: кампања на социјалните медиуми со виртуелен лик (илустрација) и еднодневен настан – „Саем за мажи“ кој вклучува работилници за момчиња и мажи за готвење, пеглање и активности околу одржување на домот.
Доколку сакате да учествувате како преставнички/ци на организации кои посветено работат на оваа тематика можете да потврдите учество и / или да назначите преставник од Вашата организација на следната е-пошта: youthpeermacedonia@gmail.com, најдоцна до 29ти Август 2017.
Најнови коментари