Според CBS има 10 работи кои можете да ги правите, а кои ќе Ве развијат во вистинска инспиративна лидерка.
Обрнувај внимание
Ова не е само важно за високи владини претставници. Не можете да бидете водач ако не знаете што се случува околу вас, без разлика дали тоа се однесува на вашите соработници, вашите работодавци, или она што луѓето од другата страна на масата го прават. Одвојте време да слушате, да гледате и да учите – никогаш не знаеш кога и од кого ќе научиш нешто што може да го спаси денот.
Бидете флексибилни
Планирањето е важен дел од водењето на тимот, но уште поважно е да бидете флексибилни за вашите планови. Ситуациите можат – и често се менуваат – и планот нема да трае, освен ако не може да се промени со нив. Не се нервирајте од новиот статус кво: наместо тоа работете на него.
Сврти ги лошите денови во добри денови
Старата поговорка за претворање на лимони во лимонада сè уште е релевантна за современите лидери. Само затоа што ситуацијата е променета – а не во ваша корист – не значи дека треба да ја прифатите. Треба да бидете подготвени да се осврнете и да ги искористите можностите што се појавуваат дури и во неуспех. Секогаш има позитивен дел, па бидете сигурни дека го барате.
Не обвинувајте
Ако нешто тргне наопаку, може да бидете во искушение да започнете да ја префрлате наоколу вината. Додека обвинувате некого може да се чувствувате задоволно, но тоа веројатно нема да го реши вашиот проблем. Наместо да губите време додека да одлучите чија грешка е, фокусирајте ја енергијата на изнаоѓање на решение за проблемот – инаку би можеле да бидете заглавени во играта на префрлање на вината додека вашиот проблем само ќе се влоши.
Неуспехот гради карактер
Наместо да го гледате неуспехот како црн белег, погледнете го како искуство за учење. Тука не зборуваме за претходно споменатите “игри на префрлање на вината”, туку наместо тоа да одвоите време да ги анализирате вашите и неуспесите на вашиот тим. Погледнете што тргнало наопаку и користете го за да дознаете што можете да направите во иднина.
Не нагласувајте дека сте совршени
Никој не е совршен, но кога сте во водечка улога, може да се чувствувате како да сте. Но внимавајте на стапицата на совршенството каде што сте ласерски фокусирани на тоа да не правите нешто лошо – така можете да ги пропуштите можностите да направите нешто правилно. Наместо да се стремите кон совршенство, обидете се да го направите најдоброто што можете. Сигурно, може да направите грешки по патот (сетете се, неуспесите не се секогаш лоши работи), но тоа е само човечки – и се додека продолжите да работите да направите сé најдобро што можете, вашиот тим ќе разбере.
Бидете подготвени за компромис
Компромис не е валкан збор: тој е задолжителен за да им помогне на луѓето со различни интереси и потекла да работат заедно. За да бидете лидерка, треба да бидете во можност да посегнете кон луѓето од другата страна на масата и покрај разликите што може да ги имате со тие луѓе. Иако компромисот често значи дека не секој добива сè што сака, одбивањето на компромис може да значи дека никој не го добива она што го сака – и нема никаков напредок. Бидете подготвени да направите компромис и да се сретнете на средина за да течат работите.
Бидете страствени за она што го правите
Иако ова е особина која е тешка за вклучување или исклучување, една од најдобрите лидерски вештини што може да ја имате е едноставно да се грижите за работата што ја вршите. Може да биде тешко да се надминат препреките ако не сте страствени за тоа на што работите. Уште полошо, вашите соиграчи често ќе го препознаат тоа – ако вашата работа не е важна за вас, зошто тоа би било важно за нив?
Имајте чувство на хумор
Ако сте во водечка улога, вашиот став може да го постави расположението за целиот тим. Иако веројатно не сакате да бидете дворки шут, исто така не сакате да бидете толку сериозни што ќе ги ставате вашите соиграчи на работ на нервите. Способноста на хуморот да го олесни расположението и да ги ослободи луѓето околу вас од стравовите не може да се потцени – па не се плашете да се пошегувате, дури и кога ситуацијата може да изгледа мрачна.
Делегирајте одговорности
Едно лице едноставно не може да стори сé: да се биде лидер, значи ќе мора да делегирате одговорности на другите членови на вашиот тим и да им верувате дека ќе ја завршат работата што не можете да стигнете да ја направите. Понекогаш е тешко да се остават работите на друг, но ако не делегирате правилно, нема да ги завршите работите што треба да ги направите. Имајте доверба во вашиот тим и делегирајте им обврски.
Донесувајте одлуки
Дури и кога ги делегирате одговорностите кон другите, сè уште е на вас да ги донесувате големите одлуки. Водењето тим не е демократија; може и треба да ја прифатите нивната помош и придонес, но кога станува збор за финалната одлука мора да ја направите вие. Не го одложувајте премногу донесувањето на важни одлуки, затоа што ако не покажете лидерство, тогаш вашиот тим може да се упати во различни насоки.
Најнови коментари