Вести

Бесплатна работилница: „Самопомош во текот на породувањето и болката – движење, дишење и свесност“

Во продолжение е поканата за третата од 8 бесплатни едукативни работилници за бременост, породување, доење и рано родителство.

Работилницата е на тема „Самопомош во текот на породувањето и болката – движење, дишење и свесност“. Ќе се одржи на 18-ти октомври, среда, 17.30-20.00ч, во просториите на Фондацијата Никола Кљусев (Центар, веднаш десно до влезот на Дом на АРМ).
Работилницата ќе ја води Даница Ивановска Лепојевиќ, психолог, советничка за доење, дула и наставник по пренатална јога, основачка на Женскиот центар АСТАРТА. На работилницата ќе учествува и Елизабета Зијлстра Јовановска, исто така дула.
За оваа работилница ви е потребна комотна облека – работилницата е претежно практична, па дојдете во тренерки, хеланки, комотна облека во која можете лесно да се движите (ви требаат и чорапи). Но не ги заборавајте и тевтерчињата и пенкалцата.
На работилниците, и денес и во иднина, можете да присуствувате со своите партнери или со било кое лице кое вам ви пружа сигурност и поддршка – мајка, сестра, брат, пријателка, пријател – на вас е да одлучите и да го поканите да ве придружува доколку вие сакате така и имате таква потреба.
Ние сме и повеќе од среќни да ви се најдеме вам и на вашите блиски. Само ве молиме да ги најавите и нив 🙂
На линков се сите детали за работилницата. Учеството е бесплатно, а информирањето и пријавувањето можете да го направите на 070 216 136 или на овој меил (astartazenskicentar@gmail.com).