Вести

Национална награда за најдобри општествено одговорни практики

Денес се одржа Десеттата јубилејна манифестација Свечено доделување на Националната награда за  најдобри општествено одговорни практики на македонските претпријатија во 2017 година, во хотелот Мериот Скопје.

20171115_103107Во изминатиот период 173 македонски претпријатија пријавија речиси 540 општествено одговорни практики, со кои ја покажаа својата посветеност кон креирање на позитивно влијание во општеството и животната средина, насочено кон социјална и економска добросостојба. Конкурсот се одвиваше во организација на националното Координативно тело за општествена одговорност на претпријатијата и Министерството за економија на Република Македонија, со поддршка од проектот “Општествена одговорност за сите”, имплементиран од Бизнис Конфедерација на Македонија. На доделувањето свои обраќања имаа Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев; Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска; Министерот за економија, Крешник Бектеши; Амбасадорот на Европска Унија во Македонија, Самуел Жбогар; Претседателот на КТООП, Александар Николов и Претседателот на Бизнис Конфедерција на Македонија, Миле Бошков.

Меѓу наградените оваа година се Алкалоид АД Скопје, Раде Кончар – ТЕП ДООЕЛ Скопје, Даути Комерц АД Скопје, Рамсторе Македонија ДОО Скопје, Градежен Институт Македонија и други.