Дури и од гуските можеме да научиме нешто, или ако сме го знаеле да се потсетиме.
Дали некогаш сте се запрашале зошто гуските летаат во V формација? Секоја птица, мавтајќи со своите крилја создава позитивен проток за птицата што следи. Во формацијата V, целото стадо добива 71% поголема моќ за летање отколку што ја има птица што лета сама. Секогаш кога некоја гуска е надвор од формацијата, одеднаш чувствува поголема отпорност на воздухот … и брзо се враќа во својата V-формација.
Како и гуските …… луѓето кои ги делат истите интереси, насоки и чувство на заедница, можат да ја постигнат заедничката цел побрзо и поефикасно од оние кои пробуваат сами да го постигнат истото.
Кога некоја гуска е уморна, се движи до крајот на V формацијата, а друга гуска го зазема нејзиното место. Ако луѓето имаат барем чувство колку и гуските, тие ќе сфатат дека нивниот успех зависи од тимската работа, повремено преземање на себе и напорна работа, размена на лидерство. Најдобри тимови се оние во кои членовите се грижат еден за друг, во добро и лошо. Гуските го разбрале тоа одамна.
Гуските во поширокиот дел на V-формацијата звучно ги поддржуваат оние што се во водство за да ја задржат или забрзаат нивната брзина. Иако ова ретко се слуша од земјата, јатото на гуски во формација е многу бучно друштво. Постојат неколку теории за тоа зошто гуска постојано грака додека лета. Најшироко прифатената е дека комуницираат и се охрабруваат едни со други.
Кога некоја гуска се разболува или се повредува, две други гуски ја напуштаат формацијата и го следат нејзиното спуштање до земјата за да обезбедат заштита и помош. Тие остануваат со болниот член на јатото додека тој целосно не се излечи или додека не умре. Потоа, тие повторно се приклучуваат кон друго јато, за да го достигнат што е можно побрзо и да се придружат на сопственото јато. Кога би имале барем чувства колку гуските, луѓето би биле еден до друг како што прават тие, и во добро и во лошо.
Најнови коментари