На 06-ти февруари (вторник) во Хотел Порта со почеток во 13 часот, ќе се обележи почетокот на проектот „Јакнење на придонесот и ефикасноста на граѓанските организации од женското претприемништво кон ЕУ интегративните реформи во областа на економската политика (We-Contribute).
Проектот ќе биде имплементиран од страна на Фондацијата за менаџмент и индустриско истражување во партнерство со Здружението на бизнис жени и ГТФ Иницијативата за одржлив раст од Хрватска. На настанот ќе бидат презентирани проектните цели, активности и резултати, како и можностите за вклучување во проектот и бенефитите за главните целни групи, граѓанските организации и жените претприемачи. Дополнително, ќе бидат споделени информации за политиките за женско претприемништво и улогата на граѓанскиот сектор во Република Хрватска.
Вашето присуство треба да го потврдите по е-пошта (emilija.andonova@mir.org.mk, natasa.z@abw.org) или со пополнување на следниот формулар https://docs.google.com .
Агенда на настанот
12:30 – 13:00 Регистрација на учесниците
13:00 – 13:10 Отворање и воведно обраќање
13:10 – 13:30 Проектни цели и активности
Г-ѓа Емилија Андонова, Фондација за менаџмент и индустриско истражување
13:30 – 13:45 Важноста на проектот за развојот на женското претприемништво, очекувани резултати
Г-ѓа Валентина Дисоска, Здружение на бизнис жени
13:45 – 14:00 Политики за женско претприемништво и улогата на граѓанскиот сектор во Република Хрватска
Г-ѓа Мери Ен Рукавина Ципетиќ, GTF – Иницијатива за одржлив развој
14:00 – 14:15 Прашања и одговори
14:15 – 15:00 Коктел
Најнови коментари