Вести

Кампањата за прееманципираните жени оценета како вознемирување

Во врска со поднесената претставка на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, за заедничката кампања во сопствена продукција на Сити Радио, Клуб ФМ и Метрополис Радио Мрежа, Комисијата за заштита од дискриминација на РМ до Агенцијата, достави Допис – мислење со кое се утврдува вознемирување по родова основа направено од страна на Сити радио, кое предизвикува повреда на достоинството на жената, со спотовите од кампањата за прееманципираните жени емитувани на 30 октомври 2017 година.

Комисијата за заштита од дискриминација во доставеното мислење контатира дека со кампањата е направено вознемирување по родова основа, кое предизвикува повреда на достоинството на жената.

Целото мислење можете да го видите на следниот линк.