Во рамки на серијалот „Секојдневни Хероини“ започнуваме со интервјуа на жени кои секој ден прават по некој успех, без да се фалат со тоа. Жени кои се жртвуваат секојдневно за среќата на луѓето околу неа. Жени што се справуваат со различни предизвици стоејќи и секојдневно се борат. Жени кои никој не ги забележува ниту им дава простор да се искажат, а и те како го заслужуваат. Прва од тие жени е Снежана Шамакоска.
Еднакви.мк: Кој момент го сметате како пресвртница во својот живот, односно Ви оставил најголемо влијание во животот?
Снежана Шамакоска: Најголемо влијание ми оставија моментите кога ми се раѓаа внучињата. Затоа што после многу тешки моменти во животот, после исклучително тежок период во животот, како самохрана мајка, без работа, голема борба и труд да ги извадам на пат ќерките при тоа да не го погрешиме патот, да си направиме дупка во која ќе пропаднеме сами. Дојде период кога завршија, се вработија,се реализираа во својата струка, се омажија, имаат здрави семејства. Е кога се родија децата животот ми доби друга смисла. Јас да помагам, да ги сакам неизмерно, а родителите да ја водат грижата.за нив.
Еднакви.мк: Што мислите дека им е најпотребно на жените во Македонија?
Снежана Шамакоска: На жените им е најпотребна поголема еманципација.
Еднакви.мк: Кој е најважниот совет што некогаш сте го дале некому и кому?
Снежана Шамакоска: На своите деца, да си го следат своето ниво при секаков избор.
Еднакви.мк: Што би им порачале на одлучувачите да направат за жените во Македонија?
Снежана Шамакоска: Да направат повеќе во борбата против насилство на жените.
Еднакви.мк: Што би им порачале на младите жени кои се сеуште несигурни во себе?
Снежана Шамакоска: Сигурноста во себе се учи. Да се потрудат младите жени да се ценат повеќе себе и својот труд.
Најнови коментари