Вести

„WE MAKE: Женско претприемништво во Македонија за конкурентност“

Денес во ЕУ Инфо Центарот се одржа воведниот настан за започнување на проектот „WE MAKE: Женско претприемништво во Македонија за
конкурентност“, финансиран од Европската Унија, Инструмент за претпристапна помош (ИПА),
за вмрежување.
Проектот WE MAKE кој е предводен од GTF – Иницијативата за одржлив раст од Република Хрватска, во 28827598_180737495984931_4968875130263165793_oпартнерство со Здружението на бизнис жени од Република Македонија, има времетраење од 16 месеци, а започна во Декември 2017. Активностите на WE MAKE се разновидни и се насочени кон подобрување на конкурентноста на македонската економија преку охрабрување на женското претприемништвото, извозот и иновациите, вклучувајќи го ИКТ и СТЕМ секторот, зелената економија, како и социјалното претприемништво. Проектот ќе биде наменет за младите девојки и жени, потенцијалните и постојните претприемачи, како и заинтересирани страни од државните институции и граѓанското општество, во избраните општини од осумте плански региони, каде WE MAKE ќе биде имплементиран: Битола, Струга, Велес, Тетово, Куманово, Штип, Струмица и Скопје. За време на овој проект активно ќе бидат споделени најдобрите практики од Хрватска и ЕУ.